На конкурсот за наградата ЖИВА 2022 – за најдобар словенски музеј и најдобар природен и културен споменик во словенските земји, се пријавија рекорден број музеи, дури 34 од десет словенски земји. Сите апликации беа вклучени во номинираните кандидати од страна на специјалното жири.
Откако Форумот на словенските култури го објави новиот конкурс за наградата ЖИВА на крајот на 2021 година, во периодот за пријави добија рекорден број апликации. За најдобар словенски музеј и најдобар споменик на културата и природата во словенските земји се пријавиле 34 кандидати, најмногу 6 од Србија и 5 од Словенија. Во ФСК се убедени дека тоа е доказ дека наградата е востановена во словенскиот музејски простор и дека во исто време им овозможува на музеите попрепознатливо позиционирање на европско и на глобално ниво. Повторните кандидати се уште поголем доказ за тоа. Овој пат беа пријавени дури 11 „повратници“, меѓу кои и два музеи (и двата од Полска) кои веќе ја добија главната награда Жива за најдобар словенски музеј.
По пристигнатите апликации, годишниот циклус на проектот продолжи со разгледување на пријавната документација и евалуација. Врз основа на ова, судиите за наградата Жива одржаа работен состанок и одлучија да ги номинираат сите музеи кои се пријавиле за наградата. Следен чекор ќе биде посета во живо во септември и октомври, како што беше пракса пред Ковид – епидемијата, а врз основа на посетите ќе се одлучува кој ќе ги добие двете главни награди и посебните признанија.
Осмото доделување на наградата Жива и меѓународната конференција ќе се одржи од 16-ти до 19-ти ноември 2022 година во Брежице, Словенија, поточно во соработка со Посавскиот музеј од Брежице. ФСК ја доделува Жива наградата од 2014 година, а на осум конкурси наградата поврза 170 музеи од 13 словенски земји.