Slawa

Европскиот преведувачки проект SLAWA – Словенски автори на светот, кофинансиран од ЕУ програмата Креативна Европа, претставува чекор напред во областа на литературата за Форумот на словенските култури. Во заедничкиот европски литературен простор беа презентирани и избрани романи од збирката 100 словенски романи, која е наменета за меѓусебен превод од еден словенски на други словенски јазици, како и со преводи на словенски дела на англиски или португалски јазик. Збирката SLAWA нуди единствена можност за запознавање на словенската душа и трасира нови патишта за читателите ширум светот.

Објавени романи:
„Словенското книжевно наследство е недоволно застапено, слабо познато и често неоправдано занемарено во современата европска литература. Гледајќи ги литературните полици, се чини како да е таму некаде ова богатство скриено зад sидовите и железните завеси. Врвните европски автори треба да бидат многу подостапни за читателите, без оглед на јазичното поле од каде потекнуваат, силата на нивниот пазар на книги и нивните маркетинг вештини“.

ПАРТНЕРИ

АВТОРИ И ПРЕВЕДУВАЧИ

Драго Јанчар

Смешна страст
Deseo debochado
Преведоа: Таис Каролин Шмит Вречко и Блажка Милер
Превод на португалски јазик.

“Од оваа пукнатина на светот, сè исчезна во другите простори на меморија, минливи надежи и желби, минливи животи, мајката, Ана, неговите, сите, останатите луѓе”

Антон Балаж

Кампот на паднатите жени
The Camp of Fallen Women
Преведувач: Џонатан Грести
Превод на англиски јазик.

“На паднатите жени им е дозволено да шетаат со чувари при секоја работа во и надвор од кампот. Контактот со распоредените мажи е сведен на минимум. До контакт доаѓа само при извршување на воспитни активности каде учеството на двата пола е неизбежно, во театарски проби и во групни рецитации.”

Димитар Башевски

Бунарот
The Well
Преведоа: Љубица Арсовска и Маргарет (Пеги) Реид
Превод на англиски јазик.

“Има нешто сурово во бунарите: не може да се види што има од другата страна. Не може да се ѕирне од внатрешната страна.”

Ласло Блашковиќ

Накитот на Мадона
Madonna’s Jewels
Преведувач: Рандал А. Мајор
Превод на англиски јазик.

“Кога ги видов како продолжуваат да играат и пеат опуштено по два испотени часа заморна музика, се смешкаат едни на други како одговор на смешни гестови, зборуваат на заеднички јазик и зрачат со тивка, едвај забележлива среќа, се надополнуваат гласно, ја сфатив нивната страшна, нивната неподнослива осаменост. Ги погледнав другите што седеа на истата маса со мене и во најголем дел ја трпев истата болка. Потребно ми е само друштво на други писатели за да имам со кого да пијам, си помислив и ја придружував оваа вистина со горчлива смеа.”

Јани Вирк

Последното искушение на Сергиј
The Last Temptation of Sergij
Преведувач: Том Мајкл Сидни Присли
Превод на англиски јазик.

“Откако се врати во Словенија, тој имаше повеќе или помалку постојано чувство дека лебди во некакво чудно лепливо чувство и не може вистински да ги допре работите.”

ИСТАКНУВАМЕ

Прв преведен роман

Прв словенечки роман, директно преведен на португалски јазик.

Slawa во Азија

После Европа и Јужна Америка, SLAWA настапи и во Азија - Пекинг, Кина, 2016 година.

Саем на книгата во Лондон

SLAWA na Лондонскиот саем на книгата.

ВО ДВИЖЕЊЕ

2015 година
Гостување во Бразил - Рио де Женеиро, Сао Паоло, Тирадентес

Германија: Саем на книгата во Лајпциг

2016 година
Словачка: Универзитетска библиотека во Братислава

Велика Британија: Саем на книгата во Лондон

Кина: Меѓународен саем на книгата во Пекинг

ПОЧЕТОЦИ

Под покровителство на Форумот на словенските култури, објавена е збирката 100 словенски романи, меѓународна литературна програма за превод и промоција на современи словенски романи создадени по падот на Берлинскиот ѕид. Во 2015 и 2016 година, збирката беше надградена со проектот SLAWA. Целта на проектот, кој доби поддршка од програмата Креативна Европа на Европската унија, беше да се презентираат првите преводи на пет избрани словенски романи на англиски или португалски јазик, не само во другите словенски земји, туку и надвор од словенскиот свет. Проектот вклучи не само реномирани автори, туку и врвни и искусни преведувачи.

Преводите на избрани романи беа наменети за најширокиот круг читатели кои би сакале да ја запознаат современата словенска литература. Проектот доби широка и интензивна промоција, беше презентиран на три континенти и на повеќето од најпознатите саеми на книгата, како Лајпциг, Белград, Лондон и Прага.

Scroll to Top