Од 2-ри до 4-ти октомври 2023 година, Форумот на словенските култури по деветти пат ги собра номинираните словенски музеи на едно место и ги прогласи добитниците на наградата Жива 2023-та година.
Свечениот настан, кој заврши на 4-ти октомври со прогласувањето на победниците на Жива 2023-та година, го подготви ФСК во соработка и со поддршка на Словачкиот национален музеј, застапуван од Бранислав Панис, генерален директор и член на жирито за Жива наградата. Настанот го отвори г-ѓа Силвија Хронцова, министерка за култура на Република Словачка. Церемонијата се одржа во инспиративната околина на замокот Братислава, дом на Историскиот музеј на Словачкиот национален музеј.
Во изминатите девет години од доделувањето на наградата Жива, Форумот на словенските култури, како основач, под раководство на др. Андреја Рихтер придонесе многу за признавањето на музеите од словенските земји во сета нивна различност и богатството на нивното културно наследство. Оваа година, судиите номинираа 24 музеи од 10 земји за наградата Жива.
Добитници на наградата Жива за 2023-та година се: Наградата Жива 2023 година за најдобар словенски музеј беше доделена на Народниот музеј во Лесковац од Србија. Наградата Жива 2023 за најдобар словенски културен и природен споменик беше доделена на Центарот за толкување на поморското наследство DUBoak од Малинска во Хрватска. Почесно признание беше доделено на Музејот на емиграција од Словачка во Северна Америка, Павловце над Ухом – Тахина, Словачка. Пет специјални награди му беа доделени на Музејот на современа уметност Арс Аеви од Сараево за одржливо работење; Уметничката галерија „Надежда Петровиќ“ од Чачак, Србија за внимание кон посетителите и отвореност; Музејот Ричани од Чешка за креативност; Музејот Велење за управување и ефикасност на тимот и Културниот центар Кршко – замокот Рајхенбург, за раскажување.
Жирито ги нарече примерни сите седум украински музеи номинирани за наградата Жива 2023-та година и им ја додели посебната и единствена титула Херои на културата и словенското наследство. Добитници на титулата се: Регионалниот уметнички музеј Хмелницки, Националниот книжевен меморијален музеј Иван Франко, Националниот историски музеј „Дмитриј Јаворницки“ во Днепро, Музејот за народна архитектура и рурален живот „Климентиј Шептицки“ во Лавов, Историскиот музеј Харков „М. Ф. Сумцов“, Музејот за ликовни уметности во Одеса и Регионалниот Житомирски уметнички музеј „Ј. Буханчук“ во Кмитив. Соочени со тешките времиња и раздорот од војната, наведените украински музеи се издвојуваат по својата решителност и напори да го заштитат украинското културно наследство, националниот идентитет и граѓаните.