Прогласени победниците на наградата Heritage in Motion!

Како дел од конференцијата на Европската академија на музеи, која се одржа меѓу 14-ти и 16-ти септември 2023 година, во Националниот музеј Банат во Темишвар, Романија беа објавени победниците на наградата Heritage in Motion 2023 година.

Наградата Heritage in Motion е наменета за признавање на уникатни и иновативни аудиовизуелни и мултимедијални проекти кои го промовираат, истражуваат, документираат или штитат европското културно наследство. Создава нови начини за публиката да пристапи до колекциите и го стимулира нивниот интерес за светското наследство. Основана во 2012-тата година од Европската академија на музеи и Europa Nostra, наградата Heritage in Motion е заеднички управувана од Европската академија на музеи и Форумот на словенските култури. Членови на годинешното жири беа Ерик Хогенбом, Амилкар Варгас и Маја Малус Аждари.

 Учесниците се натпреваруваа во четири различни категории. Добитник на наградата Heritage in Motion 2023 и победник во категоријата „нови дигитални искуства“ е Музејот за медиуми на Институтот Sound & Vision (Холандија). Notre-Dame de Paris доби специјална награда во категоријата „нови дигитални искуства“ за нивната The Augmented Exhibition (Франција). Победник во категоријата аудиовизуелно наследство беше проектот The New Dutch Waterline (Холандија), а посебно признание во истата категорија беше дадено на документарниот филм Identity on the Line (Норвешка, Данска, Шведска, Полска, Литванија, Словенија, Хрватска) . Не беа доделени награди или специјални признанија во категориите „виртуелна реалност“ и „школа за културно наследство 2023-та година“.

Scroll to Top