Форумот на словенски култури е меѓународна институција со седиште во Љубљана, која ги поврзува поединците и културните институции од тринаесет словенски земји преку разни проекти. Со цел да се интензивира промоцијата на словенските култури, но и да се обезбеди поголем пристап до материјалното и нематеријалното културно наследство, Форумот започна со отворање на центри на словенската култура во другите земји-членки. Владан Вукосављевиќ, министерот за култура и информации на Република Србија, го отвори вториот-по-ред центар на словенската култура во Белградската Национална библиотека.
Првиот Центар на словенската култура беше отворен во декември 2016 година во Москва во тамошната Серуска државна библиотека за странска литература Рудомино. На првата годишнина од церемонијата, поддршка во работата на центарот изразиле претставниците на амбасадите на словенските земји во Москва, а во посебни писма и Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Руската Федерација, како и Владимир Медински, министер за култура на Руската Федерација.
Писмата на Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Руската Федерација, и Владимир Медински, министерот за култура на Руската Федерација можете да ги најдете подолу:
3.