Проектот Трансформации наскоро со нови колекции

Проектот Трансформации ќе биде наскоро збогатен со нови колекции од модни дизајнери од пет словенски земји. Како и првите пет колекции, и овие ќе бидат украсени со инспирации од словенското културно наследство

Во Форумот на словенските култури продолжува проектот Трансформации: ОД традиционалната словенска носија ДО модерни креации. Кон крајот на пролетта оваа година, проектот ќе биде збогатен со пет нови колекции на модни дизајнери од пет словенски земји и тоа Полска, Чешка, Хрватска, Северна Македонија и Црна Гора.

„Словенското културно наследство е богато и разновидно во своите форми, детали, начини на ткаење, плетење, везови, примероци, примена, крој и истовремено полно со слични карактеристики и елементи кои се повторуваат, поврзуваат и испреплетуваат“, изјави Станка Вауда Бенчиќ, координаторка на проектот Трансформации, а исто така и костимограф, дизајнер на облека и текстил, која додаде дека сето ова веќе може да се види во подготвените скици и се рефлектира и во контурите на новите колекции. Полјакињата Кинга Крол ја именуваше својата колекција Dziwożona, колекцијата на Денис Довалова од Чешка се нарекува Slavic Goddesses, Драган Христов од Северна Македонија ја создаде колекцијата The Forest, Јелена Холец од Хрватска, колекцијата Ornamentation, модната дизајнерка од Црна Гора – Ивана П.Муришиќ, колекцијата Sloboda. Наброените модни колекции во развој значително ќе ги збогатат постојните веќе подготвени колекции на ФСК од модните дизајнери од Србија, Словенија, Русија, Бугарија и Словачка.

Scroll to Top