На 10-тата јубилејна средба на хрватските педагози се собраа повеќе од 70 учесници од Хрватска, Словенија и Србија од повеќе од 35 музеи, галерии и универзитети. По тој повод, беше отворена и изложбата за 20-годишнината од Одделението за музејска педагогика и културна акција на Хрватското музејско друштво (ХМД). Исто така, беше претставен и зборникот со делата од 9-тата средба на музејските педагози.
Др. Андреја Рихтер на пленарното предавање со наслов Музеите даваат смисла на нашите животи, изјави: “Музеите придонесуваат кон развој на нови идеи, креативност, толкување, комуникација, добра употреба на ресурсите, и со своите активности се собирни места за посетителите”, и додаде дека музеите не едуцираат и инспирираат, го збогатуваат животот и создаваат здрави заедници.
Власта Крклец, претседателка на ХМД, ја истакна важноста на ваквите средби и улогата која ја имаат музејските соработници во поширокиот општествен контекст.