Братислава нова станица на изложбата на 100-те словенски романи

“Универзитетската библиотека во Братислава е една од повеќе од 900 партнерски институции на Форумот на словенските култури, кој веќе скоро 15 години гради своја сопствена мрежа”, изјави д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури на отворањето на изложбата 100 словенски романи во Братислава и додаде: “12-те словачки писатели се дел од заедницата на 108 словенски автори. До денес, повеќе од 45 преведувачи беа вклучени во преведувањето на нивните дела на различни словенски јазици. На книжевните полици, со уникатна графичка слика на збирката беа собрани повеќе од 70 наслови. Меѓу нив, 8 се словачки книги преведени на три јазици (српски, руски и словенечки). На словачки пак, биле преведени три словенечки автори. ”
Рихтер ја отвори изложбата заедно со Силвија Стаселова, генерална директорка на Универзитетската библиотека и д-р. Лубица Лашакова, министерка за култура на Република Словачка. Во оваа прилика, таа зборуваше за важноста и задачите на ФСК и изјави дека изложбата е плод на одлична соработка помеѓу Форумот и словачките културни институции.
Отворањето на изложбата, која ќе биде на располагање за посета до крајот на јануари 2019 година, ја збогати и средбата со словенечката писателка Сузана Тратник и словачкиот автор Павел Виликовски. Тие ги претставија своите дела на листата на 100-те словенски романи пред собраната публика, читаа извадоци од своите книги и дискутираа за важноста на словенската литература и промоцијата на истата во земјите од словенскиот свет и пошироко.
Изложбата на 100-те словенски романи досега беше изложена во Палатата на УНЕСКО во Париз, Љубљана, Радље об Драва, Белград, Санкт Петербург и Виена.

Scroll to Top