Наполнивме 15 години!

Називот почесен амбасадор го доби поранешниот хрватски министер за култура, Божо Бишкупиќ. “Ја познаваме франкофонската култура, го познаваме Гете Институтот … ваквите мрежи ги поврзува јазикот. Словените ги поврзува нешто повеќе. Тоа се словенските култури”, изјави Бишкупиќ. Називот почесен амбасадор за значаен придонес во воспоставувањето и функционирањето на фондацијата ФСК ќе биде доделен на поранешниот црногорски министер Бранислав Mиќуновиќ, додека пак сертификатите за амбасадори на ФСК за вреден придонес кон препознавањето на фондацијата и воспоставувањето врски беа доделени за време на церемонијата во Љубљана на: Гордан Николов од Северна Македонија, Дубравка Ѓуриќ Немец од Хрватска и Владимир Копич од Србија.
“Верувам дека културната интеграција и соработка може најдобро да ја заживеат словенската креативност, да го зајакнат нивниот словенски идентитет и да го ревитализираат културниот дијалог во Европа и во светот. Се стремиме кон споделување вредни знаења, искуства и идеи, особено за можноста повторно да учиме едни од други и да го збогатиме нашиот креативен потенцијал”, изјави д-р Андреја Рихтер, директорка на меѓународната фондација Форум на словенските култури, и додаде дека кажаното го докажа и гала концертот Словенска рапсодија, кој на една бина понуди уникатно искуство на музика и музичари од 13 земји. ФСК го организираше овој концерт во соработка со Imago Sloveniae и под покровителство на претседателот Борут Пахор.

Scroll to Top