ФСК збогати неколку библиотеки со своите донации

На отворањето на изложбата посветена на збирката, во рамките на Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург, ФСК донираше дури 200 книги од збирката, како и од својата издавачка колекција на Руската државна библиотека. Донацијата, која ќе ги збогати библиотеките низ цела Русија, почесно ја прими Вадим Дуда, директор на Руската национална библиотека, од страна на директорката на ФСК.
На воведната средба на Програмскиот одбор на проектот Културни рути на писателките, ФСК ја збогати со донации и библиотеката на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград.
Традиционално е и учеството во проектот читање на современи словенски романи во Градската библиотека во Љубљана, кој беше посветен на руската литература и беше насловен Следејќи го проспектот на Невски до Владивосток. ФСК донираше книги од збирката 100 словенски романи на најактивните читатели.

Scroll to Top