Експертите за воените музеи секоја година се сретнуваат со комитетот на ICOMAM во рамките на ICOM. Овогодинешната конференција, организирана од страна на меѓународната фондација Форум на словенските култури во соработка со словенечките партнери: ICOM Словенија, Националниот музеј на Словенија, Воено-историскиот парк Пивка и Воениот музеј на словенечките вооружени сили, се одржа во Љубљана, Пивка и Марибор. Присуствуваа повеќе од 70 учесници од 27 земји.
“Како членка на одборот на ICOMAM, горда сум што сум домаќин на годинешната конференција која се одржува баш во Словенија. Темата што ја избравме “Војна и мир, страв и среќа” го означува она што ги следеше сите војни од минатото и остави трага во средините каде што се воделе, собраните експерти пак, ги осветлија со видиците на земјите од кои доаѓаат. Предавањата беа извор на многу нови погледи и можност за размена на искуства”, изјави д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури и членка на одборот на ICOMAM по повод меѓународната конференција ICOMAM.
Програмот на конференцијата се одржа во Воено-историскиот парк во Пивка и Националниот музеј на Словенија, а учесниците ги посетија и Птуј, Целје и Марибор. Во Марибор го посетија Регионалниот музеј Марибор и Воениот музеј на словенечките вооружени сили.