Новости
Категории
Архива

Судиите за наградата Жива одлучуваат за добитниците на наградата за 2023 година
Повикот за 9-тата награда Жива повторно наиде на силен одзив од словенскиот свет, бидејќи за оваа престижна награда се пријавија вкупно 24 музеи од 10 земји. На овогодинешниот повик има рекорден број кандидати од Украина (7).

Маја Гојковиќ, претседателката на Управниот одбор на ФСК, на работна средба во Вила Златица
На работната средба во Вила Златица, вицепремиерката, министерка за култура на Република Србија и претседателката на Управниот одбор на ФСК, Маја Гојковиќ и директорката на Форумот на словенските култури, Андреја Рихтер, разговараа за спроведувањето на програмата на ФСК насочена кон промоција на културата на словенските земји.

Конзорциум Пиранова за културното наследството и дигитализацијата
Овогодинешното издание на меѓународниот конзорциум Пиранова собра и поврза експерти од седум земји: Словенија, Словачка, Србија, Хрватска, Полска, Северна Македонија и Украина. На предавањата, теоретски и со практични примери, дискутиравме за употребата на дигиталните технологии кои овозможуваат партиципативно и инклузивно музејско искуство.

ФСК и Културните рути на писателките на ICARUS деновите на Хрватска
ФСК и годинава учествуваше на ICARUS деновите на Хрватска кои годинава се одржаа по осми пат. На меѓународната конференција беше претставена улогата во создавањето на Културните рути на писателките, кои минатата година го добија сертификатот Културни рути на Советот на Европа.

На денот на жената се следат културните рути на Горишките писателки
На 8-ми март, по повод Меѓународниот ден на жената, Културните рути на писателките, чиј член е и Форумот на словенските култури, учествуваше во подготовката на прошетката по културните рути на женските литературни творци.

Доделување на наградите Жива 2023 во Братислава во октомври
Оваа година во организација на Словачкиот национален музеј и Форумот на словенските култури ќе се одржи 9-тото доделување на Жива наградите.

Нова книга во збирката Сто словенски романи
Збирката Сто словенски романи се приближува до својата 100-ка – стотиот објавен превод во седум земји. Штотуку излезе од печат словенечкиот превод на романот Sиркачоѕ од македонскиот писател Александар Прокопиев, преведен од страна на Роберт Суша, и претставува 96-ти наслов во збирката.

По една година пауза, го отвораме повикот Heritage in Motion!
Наградата Heritage in Motion, посветена на иновативни мултимедијални и аудиовизуелни проекти со цел промоција, истражување и заштита на европското културно наследство, се враќа со нови категории по пауза од една година. Краен рок за пријава на проекти е 1 јули 2023 година.

ФСК потпиша договор со Европската престолнина на културата Нова Горица 2025 година
Иднината на проектите на ФСК е светла, бидејќи во 2025 година се очекува Форумот да соработува со Европската престолнина на културата Нова Горица – GO! 2025 година.

Отворен е расписот за наградата ЖИВА 2023!
Ве покануваме да се пријавите за наградата Жива 2023 – наградата за најдобар словенски музеј и за најдобар културен и природен споменик во словенските земји. Расписот ќе биде отворен до 15 март 2023 година.