Конзорциум Пиранова за културното наследството и дигитализацијата

Овогодинешното издание на меѓународниот конзорциум Пиранова собра и поврза експерти од седум земји: Словенија, Словачка, Србија, Хрватска, Полска, Северна Македонија и Украина. На предавањата, теоретски и со практични примери, дискутиравме за употребата на дигиталните технологии кои овозможуваат партиципативно и инклузивно музејско искуство.

Програмата на конзорциумот се одржа во галеријата Херман Печариќ (Крајбрежна Галерија Пиран), а се претставија и предавачи од Словенија: др. Каја Антлеј (Универзитет Дикин, Австралија), Биба Томинц (Универзитет Дикин, Австралија), Питер Томаж Добрила (независен интермедијален уметник и продуцент), како и добитниците на наградата Жива 2022 година, која Форумот на словенските култури ја доделува од 2014 година за најдобар словенски музеј и најдобар словенски природен и културен споменик: Михаела Кулеј (директорка и виш кустос на Градскиот музеј Вировитица, Хрватска), Роберт Зидел (директор на Националниот етнографски музеј во Варшава, Полска), др. Мира Гаќина (директорка и виш кустос на Музејот на современа уметност, Скопје). Како специјални гости, Олха Хончар (директорка на Меморијалниот музеј на тоталитарните режими „Територија на теророт“, Украина) и нејзиниот колега Максим Давиденко, исто така, ја претставија практиката на 2D и 3D скенирање и документирање на военото наследство.

Конзорциумот отвори важни дебати и прашања за значајното користење на дигиталните технологии, за кои понатаму ќе се дискутира на 9-тиот конзорциум, кој ќе се одржи во јуни 2023 година во седиштето на Форумот на словенските култури, во музејската куќа, Вила Златица, поранешниот дом на градоначалникот на Љубљана, Иван Хрибар (1851 – 1941). Меѓу другото, на конзорциумот ќе предава и познатиот холандски музеолог и предавач Петер ван Менш.

Scroll to Top