Оваа година во организација на Словачкиот национален музеј и Форумот на словенските култури ќе се одржи 9-тото доделување на Жива наградите.
Во Пиран, директорката на Форумот на словенските култури Др. Андреја Рихтер и директорот на словачкиот национален музеј, Бранислав Панис, двајцата долгогодишни членови на жирито за наградата Жива, потпишаа договор за подготовка на 9-тото издание на наградите Жива, кое ќе се одржи од 2-ри до 6-ти октомври во Братислава, Словачка. Доделувањето на наградите под покровителство на Форумот на словенските култури се одржува на различна европска локација секоја година; Минатите изданија се одржаа во Скопје/Северна Македонија, Санкт Петербург/Руска Федерација, Задар/Хрватска, Блед/Словенија, Прага/Чешка, Бар/Црна Гора, Белград/Србија и Брежице/Словенија.
Годинава жирито ќе избира меѓу 24 пријавени музеи, а дури 7 од нив се пријавиле од Украина. Во рамките на програмата што ќе го придружува доделувањето на наградите во Словачка, ќе биде организирана тркалезна маса на која украинските кандидати ќе имаат можност да се претстават, а ќе се разговара и за актуелната воена ситуација со која се соочуваат украинските музејски работници.