Драган Великиќ, годинашен добитник на наградата Виленица

Жирито на оваа значајна централно-европска книжевна награда забележа дека литературните дела на Великиќ „ги рефлектираат кризните моменти на семејството со горчлив хумор, ја откриваат нехуманата форма на двосмисленоста, го изложуваат реалниот свет во рамките на една индивидуална животна ситуација, укажуваат на колективноста/индивидуалноста на психолошкото доживување, како и разликувањето помеѓу запознавачкиот субјект и реалноста на надворешниот свет“. Заблагодарувајќи се за наградата во пештерата Виленица, авторот истакна дека книгата е најважното место за средба со други култури, „со сè што постоело и со сè што може да постои во сите времиња и на сите места“.

Scroll to Top