Успешен првиот семинар Museums in Short – Се во еден

Во рамките на Пиранова – меѓународен центар за истражување наследство во Пиран и во соработка со меѓународните партнери, се одржа еднодневниот семинар Museums in Short – Се во еден. Судиите за наведената награда, експертите, филмските работници, уметниците, истражувачите и студентите од областа на културното наследство од пет различни земји (Холандија, Грција, Италија, Србија и Словенија) дискутираа за употребата и перспективите на видео содржините во музеите и при тоа ги гледаа филмовите кои се натпреваруваат за наградата Museums in Short 2018. Од нив, тие избраа финалисти во три категории. Најдобрите филмови ќе бидат избрани преку гласање на онлајн платформата, а поделбата на наградите ќе биде одржана, како и минатата година, последниот ден во август во Пиран, Словенија.

Повеќе информации за семинарот прочитајте ТУКА!
Повеќе информации за наградата прочитајте ТУКА!
http://www.museumsinshort.eu/home/

Scroll to Top