Тема на дискусијата со претседателката на меѓународниот ПЕН центар беше Цензурата и самоцензурата во тоталитарните режими и младите демократии на словенските земји. Клемент воведно ја започна темата со посочување кон состојбата во Мексико, каде што новинарите, а посебно новинарките, се прогонувани не само од страна на владата, кога ја критикуваат, но и убивани од страна на наркокартелите и другите криминални организации при известувањето на јавноста за нивните измами. На тркалезната маса, водена од Тања Тума, на тема за цензурата проговорија и Евгениј Попов, претседател на рускиот PEN центар во Москва, Здравка Евтимова, писателка од Бугарија, Гојко Божовиќ, од српскиот ПЕН центар и Јани Вирк од словенечкиот ПЕН Центар. Своите прилози ги испратија и Микаил Рибачук од Украина и Димитар Башевски од Македонија.
Попов истакна, дека позицијата на писателите во Русија не е идеална. Божовиќ проценува дека нивната позиција е многу чувствителна, особено во форма на нов бран на национализам. Тој тврди дека секој е слободен да пишува што сака, но дека медиумскиот простор е прилично тесен. За истото предупреди и Јани Вирк.
Тиражите на весниците паѓаат, прилозите се укинуваат, а уште поопасно, по мислењето на Вирк, е влијанието на капиталот врз содржината. Здравка Евтимова ја оцени состојбата во Бугарија, како демократска и отворена, иако сиромаштијата е најголемиот проблем на новинарите и писателите. Таа својот став за цензурата ја заклучи со зборовите: „Цензурата постои во светот со цел да ја совладаме и да пишуваме”.
Гостите на тркалезната маса потоа се сретнаа и на книжевна вечер, каде што дискутираа за колекцијата на 100-те словенски романи и читаа пасуси од романите кои се вклучени во листата на наведената уникатна колекција. Вечерта ги пречекаа и Јанез Фајфар, градоначалник на Општина Блед и Цирил Глобочник, градоначалник на општина Радовљица.
Повеќе информации за настаните и фотографиите ќе пронајдете ТУКА!