Колекцијата Eggomania, дизајнирана за FSK од словенечката модна дизајнерка Јелена Проковиќ, го разигра меѓународниот турнир во голф во Моравске Топлице и остави одличен впечаток.
Словенечката модна дизајнерка Јелена Проковиќ за својата колекција Eggomania која беше дизајнирана специјално за проектот FSK Transformation, изјави дека пронашла инспирација во древните обичаи на Бела Краина. Ја маѓепсала Белокрајнската народна носија со исклучително чистата форма, едноставните орнаменти и доминантното бело браво. За време на меѓународниот турнир во голф во Моравске Топлице, заедно со Јожица Бродарич, инаку професионален консултант на проектот, ја подготви изложбата на отворено. „Креациите поставени на самиот голф терен заедно со прекрасната природа оставија огромен впечаток. Целта беше, додека се игра голф од првата дупка до последната, да биде изложена и целата изложба“, изјави авторката на колекцијата Eggomania, Јелена Проковиќ.
Меѓународниот турнир во голф со изложба на модни креации во Моравске Топлице го организираше компанијата Самшиќ Словенија, позната и по соработките со познати уметници.