НАШИОТ 15-ТИ!

Во согласност со стратешките насоки и идентификуваните можности, главните настани во чест на 15-годишнината од основањето на ФСК се одржаа во три различни словенски земји: Словенија, Хрватска и Руската Федерација, но и во Франција, во Париз.

Свечените настани беа:

  • Свечена сесија на Управниот одбор на ФСК
  • Концерт Словенска рапсодија
  • Изложба Жените и големата војна во седиштето на УНЕСКО
  • Збир на 11 настани на VIII-иот Меѓународен културен форум во Санкт Петербург
  • Литературна и издавачка програма Словенска градина на Саемот на книгата во Пула
  • Дипломатски социјален настан со Словените на трпеза
“Кога го основавме Форумот на словенските култури, не чекаше многу работа. Петнаесет години подоцна, можам да кажам дека направивме многу, но дека пред нас се уште постојат огромни предизвици. Но, имам верба во иднината, бидејќи знам дека сме големо и блиско семејство што може да направи уште повеќе.”
Андреја Рихтер, директорка на ФСК
“За 15 години, неколку пати видовме колку е важна и на место примарната насока на организацијата. ФСК беше вистинскиот одговор на предизвикот од тоа време, бидејќи ги обедини сите словенски култури под еден покрив како интуитивен одговор на многуте предизвици што ги носи глобализацијата.”
Владан Вукосавлевиќ, претседател на Управниот одбор на ФСК и министер за култура и информации на Република Србија

НАСТАНИ

Svečana sjednica Upravnog odbora FSK-a, Ljubljana / SlovenijaСвечена сесија на Управниот одбор на ФСК, Љубљана / Словенија

Управниот одбор на Меѓународната фондација Форум на словенските култури, составен од министрите за култура на земјите-членки на ФСК, се состана на свечена сесија. Меѓу другото, дискутираа за иднината на ФСК и потпишаа меморандум за зајакнување на меѓукултурниот дијалог и соработка меѓу сите словенски земји. Настанот се одржа под почесно покровителство на Премиерот на Република Словенија, Марјан Шарц, додека пак Владимир Путин, Претседателот на Руската Федерација, со специјално писмо ја честиташе 15-годишнината од основањето на ФСК.

Концерт Словенска рапсодија, Љубљана / Словенија

Меѓународната фондација Форум на словенските култури ја прослави 15-годишнината од своето основање со концертот на отворено Словенска рапсодија. Во оваа прилика, тие исто така ги доделија и титулите почесен амбасадор и Повелбата на амбасадорот на ФСК.

Концертот на отворено „Словенска рапсодија“ (организиран во соработка со „Имаго Словенија“) претстави програма специјално подготвена за 15-годишнината на ФСК. 1.500 посетители на концертот уживаа во уникатното музичко искуство со музичари од 13 словенски земји на една сцена. Музичкиот пресек на оваа „рапсодија“ од една страна, одрази карактеристични фолклорни елементи, а од друга страна, го одрази процесот на трансформација на народниот и регионалниот во национално-типичен карактер преку композициско надградување.

Изложба Жените и големата војна
УНЕСКО, Париз / Франција

11 настани на VIII-иот Меѓународен културен форум во Санкт Петербург
Санкт Петербург / Руска Федерација

Словенска градина
Саем на книгата во Пула, Пула / Хрватска

Со Словените на трпеза
Блед / Словенија

Впечатоци

Публикација

ИЗДВОЈУВАМЕ

Словенска рапсодија под покровителство на претседателот на Словенија

Концертот на отворено се одржа под почесно покровителство на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, а исто така беше дел од програмата на меѓународниот фестивал Imago Sloveniae и Лето во стариот дел на Љубљана.

За 15-годишнината од постоењето на ФСК на посебна средба

На покана на Министерството за култура на Руската Федерација и Ала Манилова, заменик-министер за култура на Руската Федерација, четворица словенски министри присуствуваа на посебна средба. Заедно со гостите Михаил Швидко, Михаил Хорев, Михаил Бризгалов, Елена Калнитска и останатите поканети, тие дискутираа за 15-годишнината на ФСК и предизвиците во иднина.

Публикација за 15-годишнината

Во годината кога се прославува 15-годишнината од своето постоењето, Меѓународната установа Форум на словенските култури објави специјална публикација, Наши 15! Се работи за преглед на работењето на установата од почетокот на 2004 година до денес.
Scroll to Top