Книжевната критика по појавата на романот Ѕиркачот оцени дека станува збор за роман “читлив, привидно едноставен, модерно постмодерен… ироничен, скандалозно критичен кон хипокризијата на колективитетот, во целина отворен за најдлабоките слоеви на личноста… – тоа е нешто што одамна се нема случено во македонската проза”.
Главниот јунак на романот постојано е распнат помеѓу желбата за слобода и за игровност, од една страна, и своето неавтентично постоење врзано за баналното ѕиркање, од друга страна. Токму затоа и играта, вплетена во супериорен раскажувачки наратив, впечатливо ни открива, од страница по страница, како потрагата по слободата има рамномерно зазбифтано- движење, но едновремено, поседува и еден слатко-горчлив вкус што се јавува при нејзиното конзумирање.
“Ѕиркачот” беше во најтесен избор за угледната меѓународна награда “Балканика” што Прокопиев подоцна ја доби за збирката раскази “Човечулец”. (стр. 128)
Досега “Ѕиркачот” е преведен на италијански (две изданија), српски и бугарски.
