Дива лига

Дива лига
Северна Македонија
Vlada-Uroshevic-150x150.jpg.pagespeed.ce.kySbjjeCfm
Влада Урошевиќ
На мигови се чинеше самата полутопка како да е нешто живо - таа бабреше и трепереше како некој отворен организам што и покрај ужасната рана продолжува да пулсира.

Најновиот роман на истакнатиот македонски писател Влада Урошевиќ Дива лига е книга која е напишана на актуелна и интригантна тема – кражба на археолошкото културно богатство. Нејзиното пренесување во македонски амбиент е наполно оправдано со оглед на тоа што,особено последнава деценија, таа е постојано присутна во медиумите за информирање. Урошевиќ наполно суверено ја води приказната која наликува на крими-роман, во амбиент што добро го познава (Скопје, Охрид, Париз), и е прикрепена со многубројни и разновидни податоци од историјата и археологијата кои приказната ја прават сосема уверлива, живописна и “автентична#. Балканот и Македонија како негов централен дел, претставуваат магичен простор во кој се допирале и се среќавале повеќе цивилизации, Истокот и Западот, Северот и Југот, а во својата почва чуваат скриено богатство од најдалечни времиња, чии знаци чуваат во себе необична и таинствена моќ.

Влада Урошевиќ, поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар, преведувач. Роден во Скопје 1934 година. Дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Некои од неговите дела: Еден друг град (поезија, 1959), Невиделица (поезија, 1962), Вкусот на праските (роман, 1965), Манекен во пејзажот (поезија, 1967), Летен дожд (поезија, 1967),  Ноќниот пајтон (раскази, 1972), Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975), Сонувачот и празнината (поезија, 1979), Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980), Лов на еднорози (раскази, 1983), Компасот на сонот (поезија, 1984), Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985), Подземна палата (есеи, 1987), Демони и галаксии (студија, 1988), Панична планета (поезија, 1989), Алдебаран (записи и патописи, 1991), Мојата роднина Емилија (роман, 1994),  Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996), Дива лига (роман, 2000). Добитник е на повеќе важни книжевни награди.