Александар и смртта

Александар и смртта
Северна Македонија
Slobodan-Mickovic-150x150.jpg.pagespeed.ce.PvJPOg8LYJ
Слободан Мицковиќ
Александар умре. Мртов е Александар. Боледуваше целава пролет. Остана долго во планините, во Екбатана, како да е таму зафатен, како да е таму неговиот престој најпотребен. Го одлагаше колку што може доаќањето во Вавилон. Боледуваше…

Романот Александар и смртта го зазема врвното место во современата македонска проза. Александар и смртта е високо уметничко дело, со високи потходи и амбиции, во заграб на амбициозна и крупна тема. Тоа е роман за драмата и трагедијата на една генијална личност, која својата драматичност, својата генијалност и својата трагичност како неизбришлив печат ја втиснува во животот и во судбините на своите блиски, на својот народ, на својата епоха, но и на страниците од севкупната човечка историја. Романот на Мицковиќ зборува за илузијата на големите духови дека од кревкиот човечки материјал можат да се понадеваат да искренат цврста и трајна, вечна градба. Со избран јазик, темелито, со гномски реченици, сугестивно, небаре читателот е сведок на драматичните и древни настани во Вавилон, се слика драмата и распадот на македонската Александрова империја, но истовремено ги добиваме живи и речиси плотни многубројните ликови чии судбини возмутуваат и потресуваат. Александар и смртта е мудра, заводлива и незаборавна проза.

Слободан Мицковиќ (1935-2002), есеист, критичар, романсиер, преведувач. Роден е во Битола на 18 јуни 1935 година. Автор е на книгите: Размислувања (критики, 1969), Толкувања (есеи и критики, 1973), Време на песната (есеи и критики, 1983), Поетските идеи на Конески (студија, 1986), Збор и разбор (студии, есеи и критики 1990), Александар и смртта (роман, 1992), Да се убие Апостол (роман, 1994), Канал (роман, 1994), Трета генерација (есеи и критики, 1995), Ах тој Париз што ја испи реката (роман, 1995), Историја на црната љубов (роман, 1996), Промена на Бога (роман, 1998), Книжевни текови (есеи и критики, 1998), Куќата на Мазарена (роман, 1999, 2000, 2002). Добитник на наградите: „Димитар Митрев“, „Рациново признание“, прва награда на издавачката куќа „Зумпрес“, роман на годината на „Утрински весник“, за Куќата на Мазарена.