Дури две нови книги во збирката 100 словенски романи

Популарната и наградувана руска писателка Марина Степанова со издавањето на словенечкиот превод на книгата Жените на Лазар, ја посети Љубљана и во разговорот со преведувачот Борут Крашевец претстави една необична семејна сага, која го опфаќа периодот од почетокот на 20 век па се до денес. Во книгата, која е исто така дел од збирката 100 словенски романи, зборува за генијалниот Лазар Линдт и “неговите” три жени, неговата необична љубов кон Марусја и Галина, како и неговата внука Лидочка, балерина, која ја наследила генијалноста на Лазар. “Денес, е период на индивидуализам каде сите стремиме кон приватен успех, развој во кариерата, но кога конечно ќе се најдеме на врвот, излегува дека таму е всушност многу ладно и осамено. Вистинската среќа може да се најде само дома со семејството”, рече Степанова, која исто така интересно се изјасни дека нема свое посебно ”работно катче”. Најчесто пишува дома во кујната додека нешто врие на шпоретот, затоа што за време на пишувањето и готви за семејството.
Големата војна е прво дело на српскиот писател Александар Гаталица преведена на словенечки јазик. Тоа е роман, кој се смета за едно од најчитаните дела во овој милениум во Србија. Издаден е во 29 изданија, објавени во речиси 50.000 примероци и досега е преведен на 7 јазици. Гаталица на презентацијата на словенечкиот превод на книгата на Матеја Комел Сној, објасни дека тоа не е класичен воен роман, туку роман која е суштински против војната. “При подготовките за пишување, проучував голем дел историски материјали, главно дневни весници. Некои вистинити настани се толку драстични што се добри за нивно прераскажување во романите, но не и за животна приказна”, додаде Гаталица. Романот зборува на уникатен начин за Првата светска војна. Содржи 78 вистинити и фиктивни ликови од сите бојни страни. Преку нивната судбина убедливо се евоцира трагичното воено време. Со книгата и нејзината презентација ФСК ја одбележи 100-годишнината од потпишувањето на мирот и крајот на Првата светска војна.
Во збирката 100 словенски романи досега се објавени повеќе од 70 книги на 9 словенски јазици.

Scroll to Top