ФСК домаќин на конференцијата Icom во Рига

Др. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури, присуствуваше на годишната конференција на Меѓународниот комитет на ICOM за книжевни музеи и музеи на композитори (ICLCM).
Учесници од целиот свет се собраа во почетокот на август во Рига, централна тема на средбата пак, беше Личноста и времето на музејската изложба. Рихтер во рамките на своето предавање го претстави и проектот за нови културни рути на Советот на Европа со наслов Зошто се важни словенските писателки?.
Конференцијата беше одлична можност за дискусија и размена на искуства и идеи меѓу музејските експерти, академици, студенти, консултанти и владини претставници.

Конференција на Icom во Рига

Scroll to Top