Летна школа за интимноста во женското пишување и во Вила Златица

Учесници од седум земји се собраа на летната школа „Интимноста во женското читање и пишување“, која беше подготвена од CEEPUS мрежата „Жени писателки во историјатаи Културните рути на писателките (WWR) во соработка со Факултетот за хуманистички науки на Универзитетот Нова Горица.

Летната школа која отвори простор за дискусија за интимноста, културата, женственоста и други актуелни теми, се отвори во Вила Златица, во седиштето на ФСК и Културните рути на писателките, а продолжи во Љубљана и Нова Горица.

Во рамки на летната школа се одржа и меѓународна истражувачка работилница со наслов „Цензурирање на интимноста во женското пишување и читање“. За време на истата, истражувачи од цела Европа дискутираа за тоа како жените во 19-ти век разговарале за интимноста, емоциите и сексуалноста. Кои теми биле особено контроверзни и како се премолчувале? Како ги криеле и откривале своите чувства и како функционирала самоцензурата?

Д-р Катја Михурко Пониж, главниот раководител на мрежата CEEPUS и претседателката на научниот совет на Патот на писателките, во воведното предавање ја претстави историјата на цензурата на жените, емоциите и сексуалноста. „Писателките често пишувале за интимни теми, поради што биле предмет на цензура од уредниците“ – нагласи таа, меѓу другото. Таа додаде дека жените историски биле обесхрабрени да се занимаваат со наука или филозофија, велејќи дека тоа се исклучиво машки области. Цензура значи контрола на посилната група – машките интелектуалци – врз послабата група – жените писателки, кои се чувствувале должни да се потчинат на нормите што ги диктираат мажите во општеството, беше објаснето понатаму. Токму затоа многу жени предвремено ја завршиле својата кариера во книжевното творештво.

Учесниците на летната школа продолжија во Нова Горица и Горица каде што следеа интересни предавања и учествуваа на бројни работилници.

Scroll to Top