100 словенски романи

ФСК збогати неколку библиотеки со своите донации

За време на прославата на 15-годишниот јубилеј, ФСК се погрижи словенската литература да биде уште подостапна на читателите со помош на збирката 100 словенски романи. Фондацијата за таа цел донираше книги од наведената збирка на неколку библиотеки.

ФСК збогати неколку библиотеки со своите донации Read More »

Зелено светло за новиот проект Словенски градини

Во рамките на новиот проект Словенски градини и активностите поврзани со истиот, се нуди можност за конструктивна соработка на локалните заедници, граѓанското општество, државните институции и ФСК. На воведната средба на партнерите во проектот, градоначалниците на општините на обалата и нивните претставници се запознаа со проектот и дадоа зелено светло за неговото започнување.

Зелено светло за новиот проект Словенски градини Read More »

Словенската градина во Пула не е минлива приказн

Форумот на словенските култури, во соработка со Саемот на книгата Сонувам книги (Sa(n)jam knjige) во Истра, започна да ја изведува новата програма Словенска градина. Во рамките на истата, на јубилејниот, 25-ти саем во Пула учествуваа современи руски автори, а на престижна локација на самиот саем беше претставена и збирката 100 словенски романи.

Словенската градина во Пула не е минлива приказн Read More »

Редовна седница на Програмскиот совет и Уредничкиот одбор на ФСК во Братислава

Членовите на Програмскиот совет на ФСК се состанаа во Братислава по повод 16-тата редовна седница. Во главниот град на Словачка се состанаа и членовите на Уредничкиот одбор на ФСК.

Редовна седница на Програмскиот совет и Уредничкиот одбор на ФСК во Братислава Read More »

Драган Великиќ, годинашен добитник на наградата Виленица

Овогодинешниот добитник на наградата Виленица е српскиот писател Драган Великиќ, чиј најнаграден роман, Рускиот прозорец, е дел од збирката 100 словенски романи во рамките на која е и преведен на словенечки и македонски јазик.

Драган Великиќ, годинашен добитник на наградата Виленица Read More »

Вирк и Жабот на Белградскиот фестивал за европска литература

По повод одбележувањето на 15-годишнината од Форумот на словенските култури, 8-миот белградски фестивал на европска литература, оддаде посебна почит на збирката „100 словенски романи“, за која разговараа словенечките писатели Јани Вирк и Владо Жабот и српскиот уредник Гојко Божовиќ.

Вирк и Жабот на Белградскиот фестивал за европска литература Read More »

Јанчар ја прими „Стефан Митров Љубиша“ наградата во Црна Гора

Драго Јанчар, словенечки писател, драматичар, есеист и еден од авторите на словенечката листа од 100 словенски романи ја доби престижната награда „Стефан Митров Љубиша“ во Будва, Црна Гора.

Јанчар ја прими „Стефан Митров Љубиша“ наградата во Црна Гора Read More »

Писатели велат дека “Збирката на 100 словенски романи има висока вредност”

На прагот на Новата година во просториите на Форумот на словенските култури се сретнаа словенечките писатели кои се наоѓаат на листата од збирката 100 словенски романи. Тие се соединети во мислата дека збирката е од посебно значење и дека оваа година, со задоволство ќе се приклучат на настаните во чест на 15-тата годишнина од институцијата.

Писатели велат дека “Збирката на 100 словенски романи има висока вредност” Read More »

Scroll to Top