Словенски авторки во збирката Defiant Trajectories (Пркосни траектории)

Зборникот Defiant Trajectories: Mapping out Slavic Women Writers Route (Пркосни траектории: Мапирање на патот на словенските жени-писателки) носи шест научни труда за жените писателки од Црна Гора, Хрватска, Полска, Русија, Србија и Словенија. Издавачи на зборниците од конференцијата посветена на писателките се Здружението „Културни рути на писателките“ и Форумот на словенските култури.

Зборникот Defiant Trajectories: Mapping out Slavic Women Writers Route (Пркосни траектории: Мапирање на патот на словенските жени-писателки) беше презентиран од страна на уредниците во мрежата ЦЕЕПУС, која е посветена на жените-писателки, и тоа, Катја Михурко Пониж (Универзитет во Нова Горица; исто така претседателка на Здружението Културни рути на писателките), др. Билјана Дојчиновиќ (Универзитет во Белград) и др. Маша Грдешиќ (Универзитет во Загреб). Беa подготвени шест статии за авторките: Дијана Вековиќ од Црна Гора, Ивана Брлиќ Мажураниќ и Марија Јуриќ Загорка од Хрватска, Марија Конопницка од Полска, Ана Ахматова, Марина Цветајева и Зинаида Гипиус од Русија и Јелена Димитријевиќ од Србија, од страна на Ксенија Ракоќевиќ од Црна Гора, Екатерина Артемиук од Русија, Маша Грдешиќ од Хрватска, Билјана Дојчиновиќ од Србија, др. Катја Михурко Пониж од Словенија, Моника Рудаш-Гроѕка, Катарзина Надана-Соколоска, Емилија Колинко од Полска.

На презентацијата на зборникот, Катја Михурко Пониж потсети дека петтата меѓу целите на Обединетите нации за одржлив развој е еднаквоста и зајакнувањето улогата на жените и девојчињата. Таа исто така го претстави проектот WWR Културни рути на писателките, заедно со и Културните рути на Советот на Европа. Анализирајќи ги културните рути, откри дека застапеноста на жените на кои ќе им бидат посветени рутите е многу мала. Маша Грдешиќ зборуваше за трудовите од зборникот, барајќи ги нивните заеднички точки, но и разликите. Билјана Дојчиновиќ го претстави делото и фасцинантниот живот на светската патничка Јелена Димитријевиќ. Истовремено додаде, дека проектот Културни рути на писателките (WWR) е важен бидејќи ни овозможува значително да станеме повеќе свесни за важноста на писателките во нашите култури. Дури и малите чекори можат да бидат влијателни, на пр. спомен-плочи и клупи.

Издавачи на трудовите од конференцијата посветена на писателките, која се одржа во Љубљана во 2019 година, се Здружението Културни рути на писателките и ФСК.

Scroll to Top