Студентската секција на Сојузот на словенските друштва на Словенија подготви презентација на новиот број на списанието „Перун“ во седиштето на Форумот на словенските култури во Вила Златица. Овој број носи и квалитетен сет на придонеси од различни области на хуманистичките науки.
„Задоволни сме што успеавме во нашите простории во Вила Златица да привлечеме студенти кои со разновидна содржина подготвена за списанието „Перун“ се поврзуваат на проектите на Форумот на словенските култури, секако со преводи на уметнички текстови од словенските јазици. Значењето и богатството на истите го истакнуваме во нашата институција веќе петнаесет години во рамките на проектот „Сто словенски романи“, наведе др. Андреја Рихтер, директорката на ФСК. На присутните им се обрати и др. Намита Субиото, заменик раководител на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, а содржината на овој број ја презентираа Маја Ковач, главен уредник, Сашо Пуљаревиќ, ко-уредник и Нежа Кочник, раководител од секцијата.
Меѓу другото, во списанието може да се прочитаат и критики за новообјавените литературни и стручни дела. Учениците подготвија дискусија за филмската адаптација на романот „Соларис“ на Станислав Лем, критика на романот „Да заиграме, Данте„ на Милан Деклева и есеј за делото на нобеловката Вислава Шимборска. Во културниот дел е претставен хрватскиот концептуален уметник Младен Стилиновиќ, а вклучена е и рефлексија за филмот „Дополнителна настава“ на хрватскиот режисер Иван Горан Витез. Покрај тоа, магазинот објави и ексклузивно интервју со Горан Војновиќ. Тематскиот додаток опфаќа дваесет ликовни текстови преведени од хрватски, македонски, полски, руски и српски јазик. Преводите се резултат на проектот „Вежба за преведување“, кој е наменет за млади преведувачи, но ја нагласува меѓусебната соработка на учесниците и во понатамошните фази обезбедува стручно мислење од квалификувани преведувачи.