По повод годинешниот Меѓународен ден на музеите, 18 Мај, Форумот на словенските култури го подготви првиот настан во циклусот „ЖИВА ВИЛА“ во својот нов дом, вилата Златица на Хрибар.
Со преселбата во нови простории, во Вилата Златица на Хрибар, Форумот на словенските култури дизајнираше нов циклус на настани под заедничко име ЖИВА ВИЛА. Првиот од низата настани се одржа на Меѓународниот ден на музеите. Претставуваше специјално водење со експерти кои ги водеа посетителите низ минатото па се до денес.
Јернеја Батиќ, проект менаџер за реновирањето на Вила Златица од градската општина Љубљана, Марија Ана Крањц, одговорна конзерваторка и Дарја Перговник, одговорна конзерваторка за надворешно уредување, двете од ОЕ Љубљана, Институт за заштита на културното наследство на Словенија во своите говори и водење открија како се одвиваше реновирањето, кои беа најголемите предизвици и како успеаја да го зачуваат духот на времето на Хрибар и истиот да го сместат во сегашноста. Зачуваниот мебел, паркетот, грнчарските печки, повеќето sидни слики, како и градината, со реновирањето овозможија вилата да понуди „увид“ во тогашниот буржоаски живот и животот во Рожна долина. Со зачуваните предмети на Златица Хрибар, исто така и увид во животот на еден од најголемите градоначалници на Љубљана.
За да може Вилата навистина да заживее, покрај управувањето од страна на Музејот и галериите на градот Љубљана, ќе управува и Форумот за словенски култури со настани од циклусот „ЖИВА ВИЛА“. По успешниот почеток, со настани од овој вид ќе продолжат и во иднина.